Русија ја совлада Грција со убедливи 83-67 и во последниот натпревар од осминафиналната група Ф во директната пресметка со Македонија ќе се одлучи кој ќе заврши на врвот од групата.


Македонија и Русија ќе завршат на првите две места, Грција по овај пораз ја осигура третата позиција во групата, додека победникот од дуелот Финска -Словенија ќе го даде последниот патник во четвртфиналето.

Резултати:
Грузија – Финска 73-87
Македонија – Словенија 68-59
Русија – Грција 83-67

Табела : Македонија 8, Русија 8, Грција 6, Словенија 5, Финска 5, Грузија 4.