По поразот од Унгарија, Исланд се чини дека е последната можност Македонија да освои бодови во главната фаза. Во последната рунда Македонија игра против Шпанија, а во моментов македонскиот состав е далеку од тим кој може да ја загрози “црвената фурија“.

“Рибарите“ во воведниот меч од главната група ја совладаа Австрија, и со три бода се пред македонскиот состав на табелата. Заморот и тенката клупа се најголемиот проблем за избраниците на Обрван.

– Полошо од мечот со Унгарија сигурно не може да одиграме. Доста сме уморни, до мечот со Исланд ќе се обидеме да се рехабилитираме и во што подбра кондиција да го дочекаме мечот.- вели македонскиот чувар на мрежата Борко Ристовски.

Македонскиот капитен кој со 31 постигнат гол е најдобар стрелец на турнирот потенцираше дека не очекуваат два исклучително тешки натпревари.

– Очекувањата во Македонија се високи, ние ќе се обидеме добро да одиграме и да ги задоволиме нивните вкусови. Но ќе биде тешко да се повтори успехот од ЕП во Србија – потенцираше Лазаров.

Мечот Македонија – Исланд започнува во 16 часот.