Хрватите во осминафиналниот дуел со Португалија на своја кожа уште еднаш ја осетија горката страна на фудбалот примајќи погодок во 117-та минута кој значеше елиминација од понатамошните настапи на Европското првенство.


„Коцкастите“ после завршување на мечот во кој беа благи фаворити беа во тотален шок со солзи во очите исто како и 2008 година по елиминацијата од Турција тогаш во 1/4 финалето на пенали.


На средбата со новинарите по осминафиналниот натпревар од хрватската фудбалска селекција се прости Дарио Срна кој долги години ја носеше капитенската врвца.


И тој како и другите играчи тешко ја поднесоа елиминацијата која сруши уште еден сон и уште една шанса за една од најдобрите генерации во хрватскиот фудбал.

ЕП: Полска, Велс и Португалија во осминафиналето (видео)

OhridNews