Репрезентацијата на Шпанија ќе има прилика да го брани трофејот на Европското првенство, откако во полуфиналниот двобој ја победи Словенија 34-32 и се пласираше во финалето.

Во ефикасен натпревар, сосема спротивно од очекувањата подобро се снајде Шпанија која констатно ја држеше на дистанца словенската селекција. „Црвената фурија“ во секој момент од натпревар знаеше што сакаше и како играше и во ниту еден момент дозволи еуфорија и брканица на теренот и покрај големиот број на голови.

Предизвикувач на Шпанија во финалето ќе биде Хрватска. Пулените на Лино Червар во маратонски натпревар после две продолженија ја совладаа Норвешка 27-26 и први го чекираа финалниот билет.

Финалните натпревари се играат в недела.

OhridNews

Видео: Антологиски триумф на Хрватска за финале на ЕП!