Селекцијата на Хрватска е првиот патник во големото финале на Европското првенство во ракомет. „Коцкастите“, во антологискиот полуфинален натпревар после цели 80 минути игра ја совладаа Норвешка со 29-28 и го чекираа билетот за финалето.

Херој на хрватите беше специјалистот за одбрана Жељко Муса, кој го постигна погодок за конечна победа и влез во финалето.

Регуларниот дел од полуфиналето не даде победник откако заврши 23-23. Двете селекции има свои прилики, но ниту една не постигна гол повеќе. Ниту првите десет минути не дадоа патник во финалето, а одлуката падна во вторите десет минути.

Хрватска за медалот кој и недостига во богата колекција ќе игра в недела, а противник ќе биде подобриот од второполуфиналниот дуел помеѓу Шпанија – Словенија.

OhridNews