Селекцијата на Шпанија, со погодокот на Родриго во втората минута од судиското продолжение извлече бод на гостувањето кај Шведска играјќи 1-1 и го задржа првото место и бодовната разлика на врвот од табелата во групата Ф..

„Црвената фурија“, ремито може да го слави како победа бидејќи избегна било какво драматично сценарио во последните две рунди од групата. Швеѓаните поведоа со голот на Берг во 50-та а шпанците дури во 92-та минута најдоа начин да го скршат бедемот на домаќините.

Во пресрет на последните две рунди од квалификациите Шпанија има пет бодови повеќе од Шведска и шест од Романија и само теоретски треба да го завери пласманот на ЕП. Во претпосладната рунда ќе се сретнат селекциите на Романија и Шведска и една од нив ќе му се придружи на Шпанија на ЕП.

Резултати:

Група Д: Гибралтар – Грузија 2-3, Швајцарија – Република Ирска 2-0

Група Ф: Фарски Острови – Малта 1-0, Романија – Норвешка 1-1, Шведска – Шпанија 1-1

Група Г: Израел – Латвија 3-1

Група Ј: Финска – Ерменија 3-0, Грција – БиХ 2-1, Лихтенштајн  – Италија 0-5

OhridNews