Лоша вест одекна во Шпанија, повредата на Карлес Пујол е посериозно од тоа што се прогнозираше. Дефанзивецот на Барселона, ќе мора да оди на операција и настапот на Европското првенство му е доведен под знак прашалник.
Тренерот на “црвената фурија“ Дел Боске ќе загуби еден од клучните фудбалери во походот кон одбраната на трофејот освоен во Австрија и Швајцарија пред четири години. Исто така во составот на Шпанија, неизвесен е уште еден фудбалер од Барселона, напаѓачот Давид Виља.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com