Бранителот на тронот, Шпанија не дозволи уште едно изенеадување во серија и со 77-68 забележа победа над Германија, која по овај пораз драстично ги намали шансите за пласман во нокаут фазата.


Марк Гасол ги предводеше со 24 поени ги предводеше шпанците до значаен триумф. По Гасол уфрли 19 поени, додека Навара придодаде 14, а Сан Емитерио 12.

Дирк Новитцки беше најпрецизниот кај “панцирите“ со 19 поени, а вообичаен дабл-дабл учинок имаше Кајман 15 п и 12 ск.

Франција не дозволи изненадување во мечот со Турција кој беше решен во последните секунди од мечот. 68-64 за триколорите кои беа предводени од Паркер (20 п. 6 ск, и 5 асс)

Дерби мечот во оваа група и припадна на Литванија која со 100- 90 ја совлада Србија.

Табела : Франција 6, Шпанија 5, Литванија 5, Србија 4, , Турција 4,  Германија 3