Актуелниот првак Франција со пораз го започна ЕП, откако “триколорите“ претрпеа пораз од Шпанија 29-26.


Во составот на Шпанија, Ентрериос и Угалде беа прецизни по четири пати додека за Франција, Абало постигна шест погодоци а Фернандез со седум погодоци беше најефикасен на мечот.


Вториот натпревар од Групата В, помеѓу Унгарија – Русија заврши без победник 31-31. Во последниот напад Шчазар донесе израмнување на резултатот откако Унгарија прокоцка предност од три разлика на пет минути до крај на мечот.

Резултати : Шпанија – Франција 29-26, Унгарија – Русија 31-31

Табела : Шпанија 2, Унгарија 1, Русија 1, Франција 0.

Мх.П.