Групната фаза од ЕП заврши, сега не ред се мечевите од нокаут фазата кои знаат да биде возбудливи и интересни до самиот крај.

Од осумте четвртфиналисти кои се пласираа на завршницата од Европското првенство најефикасна е селекцијата на Шпанија со шест погодоци. “Црвената фурија“ ја има и најдобрата одбрана, во три натпревари Икер Касилјас само еднаш ја вадаше топката од голот.

По пет голови имаат постигнато Германија, Англија и Португалија. Четири имаат Италија и Чешка додека по три имаат Франција и Грција.

Чешка ја има најслабата одбрана со пет примени погодоци од кои четири во поразот од Русија. По неа следуваат Португалија со четири, по три голови имаат примено Англија, Франција и Грција додека Италија и Германија само два.

Најголемо разочарување на ЕП е репрезентацијата на Холандија која заедно со Република Ирска се едиствените селекции кои не освоија бод на ЕП. Германија во групата на “смрта“ ги освои деветте бодови и заслужено се пласираше на првата позиција.

Мх.П.