Шпанија или Франција, кој ќе му се приклучи на Португалија и Германија во 1/2 финалето и која селекција ќе ги спакува куферите и заминува дома.

Франција во последната рунда од групата беше на првата позиција, но поразот од Шведска и победата на Англија над Украина, ги однесе“триколорите“ дуел со бранителот на трофејот Шпанија. “Црвената фурија“ не знае за победа над Франција на големи натпреварувања. Последен пат кога се сретнаа на СП, Франција триумфираше со 3-1.

– Сите мислат дека ние сме фаворити бидејќи го освоивме ЕП пред четири години и СП пред две години. Постои доказ дека француската репрезентација секогаш ни прави проблеми на големи натпревари. Во 1/4 финалето со Франција одиме да промениме историјата и да свртиме нов лист. За избор на составот имам слатки маки, сите 23 фудбалери се спремни да и се спротистават на Француската селекција – потенцираше селекторот на шпанците, Дел Боске.

Победникот од вечерашниот дуел за противник во 1/2 финалето ќе ја репрезентацијата на Португалија која во првото 1/4 финале ја совлада Чешка со 1-0.

Мх.П.