Русија и Шпанија ќе играат во финалето на Европското првенство во Футсал кое се одржува во Хрватска.


“Црвената фурија“ со минимални 1-0 триумфираше над Италија додека “зборнајата“ ја замолче 15 илјадната публика совладувајќи го домаќинот со 4-2.

Големото финале на ЕП се игра на 11 февруар во салата “Арена“ во Загреб, а пред него се игра “малото финале“ односно мечот за бронза помеѓу Италија и Хрватска.

Мх.П.