Селекциите на Шпанија и Германија ќе ги одмерат силите во големото финале на Европското првенство во Полска.


Шпанија во 1/2 финалето ја совлада репрезентацијата на Хрватска (33-29) која ја зафати невидена еуфорија по триумфот над домаќинот.

„Црвена фурија“ со трпелива игра во текот на целиот натпревар ја неутрализираше наелектризираната селекција на Хрватска во полуфиналето.


Иако „коцкастите“ добро го отворија мечот и поведоа, шпанците не отстапуваа од својата замисла. На крилата од Гарсија, Агинагалде и голманот Перез де Варгас со серија 7-1 го свртија резултатот во своја полза и на одмор заминаа со предност 18-14.

Хрватите во вториот дел констатно резултаски каскаа позади шпанците кои со добра обраната и мирен напад ја чуваа на моменти и минималната предност. 

Селекторот Бабиќ испроба се во нападот и одбраната, репрезентативците го оставија срцето на теренот, но и тоа беше премалку во дуелот со шпанците кои искуството го преточија во лесен триумф на крајот.


Финалето се игра в недела во 17 часот, а претходно ќе се сретнат Норвешка и Хрватска во борбата за трето место.

OhridNews