14 репрезентации останаа во игра за 1/4 финалето додека Република Ирска и Шведска немаат повеќе ни теоретски шани за пласман во наредната фаза.
Португалија против Данска и дуелот помеѓу Англија и Шведска беа најефикасни натпревари во втората рунда. Англија односно Португалија славеа со идентиченрезултат 3-2. Најубедлива победа оствари Шпанија со Република Ирска 4-0.
Во втората рунда од ЕП ја красеше дисциплината на селекциите. Судиите со знакот на ФИФА во осум натпревари ниту еднаш не покажаа на белата точка и не доделија црвен картон.
Третата рунда од групната фаза започнува вечерва со натпреварите од Групата А. Мечевите се играат во исти термин 20:45 минути.