– Многу работи нас ни зависат од тандемот Џерард – Паркер ако тие можат да одиграат на високо ниво секои четири дена нема простор за загрижување. Но мораме да се потпреме и на другите фудбалери кои се замена на нивните позиции. На следниот меч ни се враќа Руни и тогаш сите работи ќе бидат полесни – изјаци Рој Хоџсон.
Движечката сила на Шведска, Златан Ибрахимовиќ одигра маестрален натпревар против Украина на стартот од ЕП. Постигна погодок за водство ги разигруваше фудбалерите но и тоа не беше доволно “викинзите“ да остварат солиден резултат.
– На мечот против Украина многу фудбалери не ја посакуваа топката во своите нозе. Во првиот дел бевме премногу уплашени а во второто требаше да одиграме многу, многу подобро. Ние во првата екипа немаме 11 таленти, нам ни требаат 11 гладијатори кои ќе се борат за својата земја. Натпреварот со Англија е куп или победуваме и остануваме на ЕП или губиме и се пакуваме за дома – истакна Хамрен.
Натпреварот помеѓу Англија и Шведска ќе се одигра во вечерниот термин односно 20:45 часот.