Новиот соиграч на Кире Лазаров во Барселона, Валур Сигурдсон е новиот лидер на листата голгетери на Европското првенство во Данска.

Кандидати за освојување на наградата најдобар стрелец се уште Јоан Кањелас и Виктор Томас од Шпанија со 32 односно 29 погодоци.
До крајот на првенството предводникот на листата од стрелци Сигурдсон ќе одигра уште еден натпревар, а Кањелас и Томас по два по кои ќе се знае кој ќе ја понесе круната од Лазаров.
Мх.П.










