Селекторот на Шпанија, Винсент Дел Боске го соопшти списокот на фудбалери кои ќе ја бранат титулата на ЕП освоено пред четири години во Австрија и Швајцарија.


Одлуката да ги изостави Солдадо и Адриан од 23-та фудбалери кои патуваат на ЕП е малку чудна бидејќи токму Адријан постигнаа еден од головите во победата од 2-0 на пријателската средба со Србија во саботата.

Во составот поради повреда ги нема Давид Виља и Карлес Пујол, а од комбинација испадна голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа.

Голмани : Икер Касилјас, Виктор Валдес, Пепе Реина.

Одбрана : Серхио Рамос, Раул Албиол, Алваро Арбеола, Џерард Пике, Жорди Алба и Хуанфран.

Среден Ред : Серхио Бускетц, Чави Хернандез,  Андрес Иниеста, Цеск Фабрегас, Хави Мартинез, Чаби Алонсо, Санти Кацорла, Хуан Мата, Давид Силва и Хесус Навас.

Напад : Фернандо Торес, Фернандо Љоренте, Педро Родригез и Алваро Негредо.

Мх.П.