Селекциите на Хрватска, Германија и Шпанија со победи ги отворија натпреварите на Европското првенство во ракомет, додека Србија изгуби на стартот и си ги намали шансите за пласман во следната фаза.

На хрватите им беа потребни околу 40-тина минути да го скршат отпорот на црногорците и да тргнат со победа.  „Коцкастите“ славеа со 27-20. Германците и шпанците немаа таков отпор и уште на полувремето наговестија триумф со можност за калкулации во составот. „Панцирите“ со 34-23 ја совладаа Холандија, а „црвената фурија“ триумфираше со 33-22 против Летонија.

Селекцијата на Белорусија забележа одличен резултат совладувајќи ја Србија со 35-30. Белорусите со триумфот над Србија направија голем чекор напред кон втората фаза од ЕП. Како што стојат работите, Белорусија меч топка ќе има против Црна Гора која вечерва изгуби од Хрватска.

Резултати:

Група A: Белорусија – Србија 35-30, Хрватска – Црна Гора 27-21

Група Ц: Германија – Холандија 34-23, Шпанија – Летонија 33-22

OhridNews