Покрај четирите кошаркари кои го откажаа настапот на ЕП, Србија остана и без првата виолина Милош Теодосиќ.


Организираторот на игра во српската селекција го повреди листот на левата нога на мечот со Химки во руската лига. Од ЦСКА Москва информираат дека за ваква повреда следува пауза од два до четири месеци, со што јасно дека Србија на мегдан против Македонија ќе биде драстично ослабена.


Претходно љубов на националниот дрес му откажаа Милан Мавчан од Галатасарај, Коста Перовиќ од Уникаха, Стефан Марковиќ од Валенсија и Зоран Ерцег од ЦСКА Москва.

Мх.П.