Актуелниот шампион на Европа, Шпанија 84-59 ја порази Србија и обезбеди пласман во четвртфиналето. Репрезентацијата на нашиот северен сосед по овој пораз е на прагот на елиминација од натпреварувањето.


Избраниците на Дуда Ивковиќ немаа решение за браќата Гасол, кои искомбинираа 46 поени придодавајќи уште 18 скока.

Драматичен натпревар кој го водеше македонскиот арбитар Милоевиќ одиграа Турција и  Германија. Победија “панцирите“ со 73-67 и останаа во игра за едно четвртфинално место.

Во последниот меч од оваа група Франција ја совлада Литванија со 73-67 и го задржа стонастотниот ефект во досегашниот тек од натпреварувањето.

Табела : Франција 8, Шпанија 7,  Литванија 6, Србија 5,  Турција 5,  Германија 5.


Ohridnews