На крилата на голманот Катерина Томашевиќ селекцијата на Србија ја совлада Франција 18-17 и се пласираше во најдобрите четири селекции на стариот континент.


Голманот на српската репрезентација Томашевиќ во првиот дел ги полуде ракометарките на Франција интервенирајќи успешно 13 пати.

Шоуто на Томашевиќ продолжи во последната минута од мечот кога успеа да скроти еден седмерец и два чисти зицери на француските ракометарки и стигна до 17 интервенции.


Најпрецизна во српскиот состав со пет погодоци беше Рајовиќ додеда најефикасна во селекцијата на “триколорките“ беше Сигнате со четири голови.

По победата над Франција домаќинот на Европското првенство Србија во полуфиналето ќе се сретне со вицепрвакот од Олимписките игри селекцијата на Црна Гора. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Унгарија и апсолутниот фаворит на ЕП, Норвешка.

Резултати :

Група I :  Чешка – Шведска 26-35, Србија – Франција 18-17, Норвешка – Данска 33-35
 

Табела :
Норвешка 8 бодови, Србија 7,
Данска 6,  Шведска 5,   Франција 4,  Чешка 0.

Група II : Шпанија – Црна Гора 23-27, Германија – Романија 25-23, Унгарија – Русија 25-31.


Табела :
 Унгарија 6 бодови, Црна Гора 6, Германија 3,  Шпанија 3, Русија 3, Романија 3.

Мх.П.