Репрезентацијата на Србија извлече 68-67 победа над Турција и обезбеди пласман меѓу најдобрите осум на Евробаскетот во Литванија.


Ершан Иласова имаше можност да ја одведе Турција во четвртфиналето но неговиот удар не заврши во целта, и србите се тие кои одат понатаму.

Милош Теодосиќ со 20 поени беше најпрецизниот играч на мечот, недозволувајќи тимот на нашиот северен сосед пред време да ја напушти Литванија.

Бранителот на трофејот Шпанија ја демолираше Франција со 96-69, нанесувајќи им го првиот пораз на шампионатот. Литванија ja победи Германија со 84-75

М.П.