Репрезентацијата на Исланд ја базира играта на триото Сигурдсон, Палмарсон и Халргисон кои постигнаа повеќе од половината голови за “рибарите“. Со 119 гола се наоѓаат на третата позиција на ефикасни селекции. Македонија со 92 гола е седма.

“Слабо“ додаваат и во оваа статистичка категорија со само 33 додавања се на дното. Наспроти нив Македонија има 59 успешни додавања и на петтата позиција. 

Со 52 изгубени топки се на врвот во оваа категорија, просечно имаат по 13 грешки во меч. Македонија досега имаа 40 загубени топки односно 10 по меч.

Ниту македонската ниту исландската одбрана не се истакнаа со блокирани удари. Исланд има 8,  а Македонија 7.

  Mакедонија     Исланд
Број на постигнати – примени голови 92 –  105 119 – 113
Најдобри стрелци

 Лазаров 31 гол (50%)

Миркуловски 11 (38%)

Манасков 10 (50%)

Сигурдсон 28 гола (88%)

Палмарсон 20 (61%)

Халгримсон 18 (60%)

Најдобар додавач  Миркуловски 19 асс  Палмарсон 7 асс
Исклучувања 16 (Манасков 3) 16 (Сварвасон 2)
Голмани Ристовски 53 (34%) Густавсон 41 (32 %)
Изгубени топки 40 52

ohridnews