Актуелниот светски првак Шпанија, бранителот на трофејот Данска заедно со Македонија, Австрија, Исланд и Унгарија ја сочинуваат првата групата од ТОП фазата.

Македонија натпреварите од втората фаза ќе ги започне против Унгарија, потоа следува дуелот со Исланд, а мечевите во втората рунда од ЕП ќе ги завршиме против светскиот ракометен владетел Шпанија.
Втората група во ТОП фазата ќе се комплетира в петок, кога и ќе заврши првиот круг од континенталниот собир во Данска
Мх.П.










