Селекцијата домаќин на Европското првенство, Франција против Португалија ќе се сретне во големото финале кое ќе се одигра в недела на Стед Франс во Парис.


„Триколорите“ за пласман во финалето на 15-то издание од континенталниот собир го совладаа Светскиот шампион, Германија со 2-0 во полуфиналето.


Херој на французите е Ентоан Гризман кој со по еден гол во двете полувремиња го „легна“ составот на Германија и донесе неизмерна радост за домаќините.


Во финалето „триколорите“ ќе атакуваат на третата круна додека португалците на првата која им побегна од раце во 2004 година пред своите гледачи.

Мх.П.