Дерби средбата од групата Ц им припадна на селекцијата на Унгарија која ја совлада репрезентацијата на Шпанија со 32-31. Со триумфот унгарките обезбедија два бодови во следната фаза откако заедно со нив и Шпанија патува во вториот круг од ЕП.


Херој на селекцијата на Унгарија беше Томори со 12 голови од 15 обиди. Најпрецизна во составот на “црвената фурија“ со седум погодоци беше Беренгуер.

“Зборнајата“ во директната пресметка за третиот патник од групата Д беше поуспешна од Исланд 30-21. Во последниот натпревар од групата Романијa и Црна Гора ќе решаваат која селекција ќе заврши на првото место.

Резултати :

 
Група Ц :УнгаријаШпанија 32-31,
(20:15ч) Германија – Хрватска 17-16
 
Табела : Унгарија 4 бодови, Шпанија 4, Германија 2, Хрватска 2, .
 
 
Група Д :  Исланд –  Русија 21-30,  Романија – Црна Гора 20-23
 
Табела : Црна Гора 4, Романија 3, Русија 3, Исланд 0.

Мх.П.