Стручниот штаб на македонската ракометна репрезентација ќе претрпи одредени промени после мечот со Шпанија, кој на програмата е во 20:30 часот.

Од тренерската екипа ќе замини Роберто Гарсија Парондо кој ќе се врати во Скопје и ќе му посвети на клупските обвски во Женскиот ракометен клуб Вардар.

Улогата на помошник на македонскиот селектор ќе ја преземе Хота Гонзалес кој утре ќе пристигне во Вараждин и ќе се фати за работа анализирајќи ги мечевите на македонските противници.

Ваков случај не е прв пат во Македонија. Од функцијата помошник на сред ЕП замина Данило Брестовац кога селектор беше Ивица Обрван.

OhridNews