Шведска приреди големо изненадувањe на Европското првенство во кошарка што се iгра во Словенија. Попладнево „викинзите“ во рамки на Д групата убедливо ја совладаа Русија со 81-62.

За Шведска ова е прва победа на Евробаскетот, додека Русија, која освои бронза на ЕП пред две години во Литванија, во три натпревари има исто толку порази.

Во рамки на Ц групата попладнево Шпанија рутински ја декласира Чешка со 60-39. Чесите во последниот период од играта постигнаа само два поени.

OhridNews