Селекцијата на Франција во меч кој беше прекинат поради временски (не)прилики ја совлада Украина со 2-0. После бодот освоен во првото коло против Англија, “триколорите“ прокнижија нови три и со четири бодови имаат изгледни шанси за пласман во 1/4 финалето.


Прекинот кој траеше околу 40 минути си го направи своето. Стрелците како да се вклопија во “сивото“ време над Доњецк.


Избраниците на Лоран Блан победникот го решија во три минути. Првиот удар го зададе Менез во 53-та минута, во 56-та минута на 2-0 зголеми Кабаје и стави крај на сите надежи за украинците на мечот со Франција.

Во последното коло од Групата Д, Франција ќе се сретне со Шведска додека Украина ќе ги одмери силите со Англија.

Мх.П.