Рускиот фудбалери Алан Џагоев беше два пати прецизен во победата на Русија над Чешка од 4-1. Напаѓачот на Хрватска, Марио Манџукиќ во два наврати со глава го матираше Гивен и ги склопи “коцките“ за победа.
Трет фудбалер со два голови е неуморниот Андреј Шевченко. Украинецот со “парот“ направи комплетен пресверт на мечот со Шведска и ја крена на нозе цела Украина.