Селекцијата на Германија обезбеди пласман во финалето на Европското првенство победувајќи ја Норвешка со 34-33 по голема борба во полуфиналето.


Победата и пласманот во финалето на германците оди во пилог и на Македонија која обезбеди место во квалификациите за Олимпијадата во Рио оваа година.

Што се однесува до мечот, патникот во финалето беше одлучен по дополнителните десет минути откако регуларниот дел заврши 27-27.


Германците со погодок на три секунди до крај извојуваа голема победа и ја „разбудија“ репрезентацијата на Норвешка од „европската“ бајка.

Противник на германците во финалето во недела ќе биде подобриот од вториот полуфинален меч меѓу Шпанија и Хрватска.

OhridNews