Селекцијата на Црна Гора го освои златниот медал на 10-то Европско првенство победувајќи го трократниопрвак Норвешка во финалето со 34-31.


Освојувачот на златниот медал од ЕП во Србија се одлучуваше по две продолжение откако регуларниот дел заврши без победник 24-24.

Драмата во финалниот натпревар продолжи во продолженијата од десет минути. Во првите десет минути црногорките беа поблиску до победа, но ладнокрвноста на норвежанките во последниот напад донесе ново продолжение.


Второто продолжение црногорките го одиграа во еден здив. Постигнаа  шест голови а примија само три и заслужено стигнаа на врвот на Европскиот ракомет.

Херој во победата над актуелниот првак Норвешка во црногорскиот состав беше голманот Соња Бајрактаровиќ со 18 успешни интервенции.


Најефикасна во Црна Гора со десет голови беше Кнежевиќ додека верна сенка и беше Катерина Булатовиќ со осум голови. Во норвешката селекција сама на себе беше препуштена Алстад која постигна 11 погодоци.

Избраничките на селекторот Аџиќ во голема мера им се реваншираа на норвешките ракометарки за поразот во финалето на Олимписките игри во Лондон годинава.

Мх.П.