Македонската ракометна репрезентација изби на чело во Ц групата и го осигура пласманот во главната фаза, откако во втората рунда со 29-28 (15-16) ја совлада селекцијата на Црна Гора.
Избраниците на Раул Гонзалес до втората победа во групната фаза стигнаа со пресврт во второто полувреме. После триесет минути игра црногорците имаа водство 16-15.
Македонија добро го отвори мечот и поведе со 4-2, но селекцијата на Црна Гора возврати со 6-1 и стигна до најголемото водство (8-5).
„Црвено жолтите“ се консолидираа и после 20 минути игра дојдоа до егал 10-10. Во играта гол за гол до крајот на првиот дел погодок појќе постигна Црна Гора и на одмор замина со плус еден (16-15).
Нашите ракометари во второто полувреме одиграа далеку поквалитетно во одбраната која овозможи лесни голови во напад. Најпрво дојдоа до егал (18-18), а и го презедоа водството (20-19).
Гол серијата на Македонија продолжи и за прв пат поведе со четири голови (24-20). Црна Гора полека го анулираше водството на „црвено жолтите“ кои сепак не дозволија од раце да испуштат сигурна победа вредна пласман во следната фаза.
Без разлика на исходот од мечот со Германија селекцијата на Македонија ќе се помине понатаму и ќе пренесе два бодови.
Натпревар во кариерата во дресот на Македонија одигра Филип Кузманоски кој постигна пет погодоци. По четири пати прецизни беа Кирил Лазаров, Дејан Манасков и Филип Миркуловски, а три постигнаа Филип Талески и Филип Лазаров. Во составот на Црна Горан најефикасен беше Чавор со шест погодоци.
Во третата рунда Македонија ќе се сретне со Германија, а Црна Гора силите ќе ги одмери со Словенија.
Мх.П.