Репризата од финалето од Олимписките игри во Лондон 2012 година, Црна Гора – Норвешка ќе го даде новиот ракометен владетел во ракометна Европа.

Црногорките во преполната сала во Белград ја совладаа домашната селецијата на Србија со минимални 27-26 и обезбедија пласман во големото финале.

Целиот меч помина во играта “гол за гол“ во која Црна Гора подобро се снаоѓаше и имаше констатно водство. Српскиот состав потклекна на притисокот и никако неможеше да се носи со пеколната атмосфера во Белград.

Црногорките имаа напад за да го осигураат патот во финалето, но најдобрата ракометарка на теренот Кнежевиќ брзоплето шутираше и промаши.

Домаќинот на 10-то ракометно Европско првенство во последната минута имаше напад кој ќе му донесеше егал и продолжение на сонот за финале, но одличната Барјактаровиќ на голот од Црна Гора го скроти ударот на Лекиќ и донесе второ финале за краток период за црногорската селекција на големо натпреварување.

Финалето на 10-то ракометно првенство се игра помеѓу Црна Гора и Норвешка во Белград со почеток од 17:00 часот.

Мх.П.