Македонската фудбалска репрезентација до 21 година против селекцијата на Шпанија ќе дебитира на големата сцена односно на Европското првенство во Полска.


Првиот меч на континенталниот собир во Полска, избраниците на Благоја Милевски ќе го одиграат на 17 јуни, еден ден по официјалното отварањето на ЕП.

Во втората рунда, Македонија ќе се сретне со Србија во соседското дерби, а во третата ќе силите ќе ги одмери со најквалитетната селекција во групата, Португалија.

Во полуфиналето сигурно обезбедува само првопласираната селекцијата во групата, а второпласираната ако биде најдобра од преостанатите селекции кои ќе завршат второпласирани во другите групи.

Распоред:

1.коло: Португалија – Србија (18ч), Шпанија – Македонија (20:45ч-Гданија).

2.коло: Србија – Македонија (18ч-Бигош), Португалија – Шпанија (20:45ч)

3.коло: Македонија – Португалија (20:45ч-Гданија), Србија – Шпанија (20:45ч).

Атрактивни противници за Македонија на Европското првенство во Полска !

OhridNews