Ракометната репрезентација на Македонија маестралните мечеви во првата фаза на европскиот собир во Хрватска ги заокружи со фантастично реми (25-25) против бранителот на тронот Германија.
Ремито отиде во прилог на македонските ракометари, бидејќи мечевите од главната фаза ќе ги започнат со три бодови од првата позиција, но победата која ја имаа в раце ќе донесеше бод повеќе и епски триумф над „панцирите“.
„Црвено жолтите“ се селат во Вараждин каде ќе ги одиграат мечевите од главната фаза. Нашите ракометари почнуваат со Шпанија, а силите ќе ги одмерат уште со Чешка и Данска.
OhridNews