Старт со пораз за македонската ракометна репрезентација на континеталниот собир во Данска. “Црвено – жолтите“ не го криеја разочарувањето по поразот, ниту пак желбата впечатокот да го поправат против Чешка и Австрија.
Обрван:“Во нашите мисли е средбата со Чешка“
„Во одредени делови од играта не бевме на ниво, но не сме разочарани бидејќи да се загуби од Данска на нивни терен не е страшна работа. Промашивме многу зицери бидејќи против себе имавме извонреден голман и одлична одбрана. На крајот можеше да биде попристојно за нас, особено што го имавме одличниот Борко Ристовски на голот. Сега почнуваме да мислиме на средбата со Чешка, која е исклучително важна за нас, дуел кој едноставно мораме да го добиеме ако сакаме да го продолжиме престојот во Скандинавија.
Димовски : “Доаѓаат подобри денови за нас“
„Не сум задоволен, не само поради поразот туку и поради превисоката разлика на крајот, која воопшто не е реална. Имавме слаба реализација, дури и за на тренинг, но тоа е нешто што треба да ги разгледаме утре во пресрет на дуелите со Чешка и Австрија. Не мислам дека премногу се заморивме и сигурен сум дека ќе бидеме максимално подготвени за претстојните напори. Едноставно, не смеевме да калкулираме против Данците бидејќи игравме во прекрасна атмсфера и си должевме самите на себе да дадеме се од себе против извонредно силниот противник. Ништо не е загубено и верувам дека доаѓаат подобри денови за нас“, .
Ристовски :“Ова беше само загревање“
„Не треба да паѓаме сега и да поченеме да бараме виновници за високиот пораз. Промашивме многу чисти ситуации, но таков е ракометот. Ова всушност беше само загревање за следните две средби, против Чешка и Австрија, кои ќе значат живот или смрт за нас во делот на обезбедувањето пласман во следната рунда. Најверојатно ќе ни треба една победа, но ние ќе атакуваме и на двата триумфи“, .
Пецаковски : “Имаме сили а и желба да одиграме подбро“
„Не можам да кажам дека не сум среќен поради тоа што првпат настапив на вака големо натпреварување и тоа на својот роденден. Задоволен сум од добиената шанса, мислам дека покажав дека можам да помогнам. Но, за несреќа, на крајот загубивме и тоа убедливо што го наруши славјето. Но, ништо не е загубено. Имаме сили да продолжиме уште подобро во натпреварите кои ни се од исклучителна важност“, .
извор “мкд.мк“
Ohridnews











