Македонската ракометна репрезентација со една промена во составот вечерва со почеток во 20 часот и 30 минути ќе се судри со европскиот вицепрва, Шпанија.
Помеѓу репрезентативците се враќа Филип Лазаров, кој поради повреда на листот го пропушти дуелот со Германија, а на трибините се сели пивотменот Никола Маркоски.
Во пресрет на мечот во Вараждин, Македонија има бод повеќе од Шпанија и се наоѓа на третата позиција позади Германија и Данска кои имаат четири бодови и натпревар повеќе.
OhridNews