Французинот Лилиан Турам и Холанѓанецот Едвин ван дер Сар се рекордери според бројот на настапите на Европските првенства во фудбал.

Фудбалерите кои одбележаа повеќе од една декада на своите репрезентации и воопшто на светскиот фудбал, на Европските првенства одиграле по 16 натпревари.

Турам и Ван дер Сар настапиле на четири европски првенства (1996, 2000, 2004, 2008).

На четири континентални фудбалски првенства настапиле уште само четворица фудбалери: Германецот Лотар Матеус, Данецот Петер Шмајхел, Холанѓанецот Арон Винтер и Италијанецот Алесандро Дел Пјеро.

Зад Турам и Ван дер Сар на листата фудбалери со најмногу настапи на ЕП-а се наоѓаат Луис Фиго и Нуно Гомеш (двајцата Португалија), Зинедин Зидан (Франција) и Карел Поборски (Чешка) со по 14 одиграни натпревари.

“макфакс“
Ohridnews