Репрезентацијата на Австрија со убедлив триумф над Чешка (14-9) 30-20 ги започна натпреварите во групата А на Европското првенство во Данска.

Чешка иако по имињата важеше за благ фаворит на мечот, сепак австријците со агресивната игра во одбрана не им дозволија да го „видат“ голот на Мариновиќ и Бауер и сосема заслужено ги освоија бодовите од премиерниот дуел од групата А.

Во втората рунда ранетиот лав Чешка ќе се сретне со Македонија додека Австрија против домаќинот на ЕП селекцијата Данска.

Мх.П.