– Научив многу работи за Франција и Англија. Видов дека двете селекции бавно се движат по теренот и се бранат со осум фудбалери. Победивме само еден натпревар, ако изгубиме наредните две, вложениот труд за победа ќе биде залудно. Јас како тренер никогаш не сум задоволен секогаш барам повеќе и повеќе – истакна Олег Блохин селектор на украинската репрезентација.
Освојувачот на Европското првенство во 2000 година, Франција ќе има тешка задача да неутрализира нападите на домаќинот. На првиот меч од групата против Англија, “триколорите“ повеќе се потпираа на индивидуалната игра на Рибери и Насри.
– Ние ќе си ја играме нашата природна игра и ќе даваме сеж од себе да оствариме победа. Секогаш постои разлика од она што се договараме и тоа што фудбалерите го играат на теренот. Нас ќе ни биде тешко да ја запреме Украина а посебно “стариот лисец“ Андреј Шевченко кој многу малку му треба да постигне гол – потенцираше Лоран Блан.
Мечот помеѓу Франција и Украина на програмата е во 18 часот.