Вториот ден од 10-то Европското првенство кое се оддржува во Србија помина во знакот на селекцијата на Унгарија. Унгарките во второто коло ја шокираа фаворизираната репрезентација на Германија совладувајќи ја 24-21.

Репрезентатвките на Унгарија не се предадоа кога имаа негатива од пет голови на стартот од мечот. Со ангажирана игра во преостанатиот дел до натпреварот успеаја да се вратат и да извојуваат победа. Најзаслужна за триумфот беше Анита Горбиќ постигнувајќи девет погодоци.


Вицепрвакот од Олимписките игри во Лондон селекцијата на Црна Гора ја потврди улогата на фаворит во дуелот со Русија совладувајќи ја 30-27. Со двете победи репрезентацијата на Црна Гора обезбеди пласман во наредната фаза од ЕП.


Дербито на непоразените селекции во Ц групата Шпанија – Хрватска им припадна на “домаќините“ со 25-21. “Црвена фурија“ исто како и Црна Гора со двете победи чекираа виза за понатамошните натпревари.

Резултати :

Група Ц
: Шпанија – Хрватска 25-21, Унгарија – Германија 24-21.

Табела : Шпанија 4 бодови, Хрватска 2, Унгарија 2, Германија 0.

Група Д : Русија – Црна Гора 27-30, Исланд – Романија 19-22.

Табела : Црна Гора 4, Романија 3, Русија 1, Исланд 0.

Мх.П.