Македонската ракометна репрезентација претпре пораз од Унгарија со 25-31 (9-16)  во првиот меч од главната фаза на ЕП во Данска. “Црвено-жолтите“ одиграа далеку под своето ниво што резултираше со втор пораз на шампионатот.

Македонија од стартот на мечот беше го негатива која во ниту еден момент не успеа да ја стопи. Во првиот дел избраниците на Обрван постигнаа само 9 гола, а 16 -те гола во вториот дел беа доволни само да се ублажи поразот.

Ништо не фукнционираше во македонскиот состав. Одбраната беше порозна (примивме 31 гол најмногу на досегашниот дел од првенството ),  капитенот Лазаров постигна само 4 гола (36% реализација). Доста се очекуваше од новопечениот македонец Прибак но неговиот придонес не беше на очекуваното ниво.  Едниствено нешто што може да извлече позитивно е играта на Дејан Пецаковски кој постигна пет гола. Пет гола постигна и Манасков, а четири Миркуловски.

Кај Унгарците најпрецизен беше со Шазар со 7 гола. Наги , Зубаи и Аншин постигна по 4.

Македонија во втората рунда во понеделник од 16 часот ќе игра против Исланд.

Ohridnews

Водици 2014 во живо на OhridNews во цел свет