Селекцијата на Унгарија по продолжението од десет минути успеа да ја совлада репрезентацијата на Србија 41-38 во малото финале и се закити со бронзениот медал на десеттото Европско првенство.

Репрезентациите кои беа елиминирани во полуфиналните натпревари одиграа меч за паметење. Првиот дел им припадна на унгарските ракометарки со 21-19. Србинките собра сили и со погодок во последните секунди од мечот обезбедија дополнителни десет минути.

Искуството на ракометарките на Унгарија од вакви големи натпревари си го направи своето. Тие одеа на долги напади кои ги завршуваа со погодок наспроти српските ракометарки кои влегуваа од грешка во грешка.

Најефикна во унгарскиот состав со девет погодоци беше Редеи, осум постигна Томори додека шест пати прецизна беше Горбич. Трите ракометарки Филиповиќ, Огненовиќ и Лекиќ во српската селекција завршија со седум погодоци.

Мх.П.