Селекциите на Македонија и Унгарија во меѓусебниот дуел ја гледаат шансата да ги освојат првите бодови и да фатат приклучок кон местата кои водат во полуфиналето од ракометниот шампионат. Македонија со два бода ќе ги стартува мечевите и предводена од најдобриот стрелец на минатиот шампионат Кире Лазаров (61 гол на ЕП во Србија) очекува триумф на должникот од ланските ОИ квалификации Унгарија.

– Не само мене, туку тимот мора да му се заблагодари на феноменалниот Борко Ристовски, кој одбрани феномелано против Австрија и го отвори патот кон главната фаза – вели Лазаров.

– Пресреќени сме што сме овде во главната фаза каде пренесовме два бода, тоа значи дека се уште сме во игра на турнирот – вели Стевче Алушевски.

– По сериозните проблеми кои ги имавме пред стартот малкумина веруваа дека може да направиме нешто, но со макотрпна работа го надохнадивме тоа. – потенцираше Миркуловски.

Тренерот на Унгарскиот состав Лајош Моксаи истакна дека и за нив цел била да се пласираат во главната фаза. – На мечевите со Данска и Шпанија нема што да бараме, но Македонија и Австрија се селекции со квалитет како нашиот и очекуваме победи на тие мечеви.

Мечот со Унгарија ќе биде патоказ каде може да заврши македонскиот ракометниот брод. Тимот ќе биде засилен со пивотменот Прибрак и победа над денешниот противник ќе ги разгори апетитите и ќе ја зоврие атмосферата до точка на вриење во пресрет на мечот со Исланд. Е тогаш лесно може да се случи да имаме полуфинална меч топка против Шпанија.Колку и тоа оптимистички да звучи, се додека има теорија Македонија може и мора да се надев.

Секако дека мора да бидеме задоволни со пласманот во главната фаза поготово по серијата повреди кои ги пратеа нашите репрезентативци на подоготовките. Но кога сме тука во главната фаза, имаме убава можност да го подобриме пласманот од ЕП во Србија (петто место).

Мечот се игра во 16 часот, а ќе го води судиска двојка од Русија.

ohridnews