Селекцијата на Данска во борбата за петтото место на Европското првенство во Србија ја совлада репрезентација на Русија 32-30 (15-15).


По изедначениот старт, данските ракометарки беа тие кои го контролираа резултатот. “Зборнајата“ смогна сили и до крајот на првиот дел успеа да ја анулира предноста на данскиот состав.

Во вториот дел Данска повторно беше репрезентацијата која го контролираше резултатот. На десет минути до крајот од мечот данските ракометарки направија предност од +4 (27-23) која беше недостижна за русинките и значеше освојување на утешното петто место.

Селекцијта на Русија со освојувањето на шестата позиција го забележа најдобриот резултат од ЕП 2008 година наваму.

Мх.П.