Континенталниот собир во Хрватска следната година ќе биде последна задача за Ацо Јоноски во македонската ракометна репрезентација. 36-годишниот стружанец кој настапува во германскиот тим Ратинген ќе се повлече од репрезентативниот дрес и ќе остави место за помладите.

Корпулетниот ракометар го пропушти собирот во рамките од ЕХФ неделата поради повреда на листот. Како што изјавува тој се очекува да закрепне и подготвен да се јави на првата прозивка за Европското првенство во Хрватска.

– Се надевам дека се ќе биде во ред до Европското првенство и дека ќе бидам фит за да можам да дадам максум и да можам да му кажам збогум на националниот тим со тешко, но и полно срце. Јас секогаш сум играл со цело срце и секој еден натпревар му претставувал големо задоволство. На последниот собир на можев да дојдам. Имав повреда на листот и морав да паузирам. Навистина ми беше криво, но во консултација со докторите, физиотерпевтите и со селекторот Раул заклучивме дека не треба да ризикувам и подобро да се рехабилитирам уште една недела, отколку да ризикувам и да морам да паузирам два месеца. Првенството ми завршува на 16 декември, па подготовките ќе ги почнам од првиот ден. Ќе се повторам, се надевам дека се ќе биде во ред и дека ќе можам да дадам максимум. – изјави Јоновски за Г-спорт.мк

„Црвено жолтите“ на ЕП во Хрватска се наоѓаат во Б групата заедно со Данска, Белорусија и Шведска.

OhridNews