Завесата е спуштена на 14-то Европско првенство. Шпанија ја одбрани титулата освоена пред четири години. Првенството се одржа во осум градови од Полска и Украина, со еден гол беше “посиромашно“ од минатото но со појќе гледачи.

Стрелците на ЕП постигнаа 76 погодоци или 2,45 по натпревар. Вкупно 53 фудбалери ја затресија мрежата на противникот. Фудбалерот на Англија, Глен Џонсон на мечот со Шведска го постигна единствениот авто гол додека Пирло против Хрватска го постигна единствениот погодок од слободен удар.

Капитенот на Грција, Jоргос Карагунис ќе остане запеметен како фудбалер кој го промаши единсвениот пенал на ЕП. Досудени се уште три но Салпингидис, Чаби Алонсо и Озил ги претворија во голови.

Европското првенство во Полска и Украина ќе биде запишано по најмалку црвени картони. Судиите покажаа само три црвени картони, од кои два на отварањето од ЕП помеѓу Полска – Грција. Судија рекордер на ЕП е португалецот Педро Проенса кој “главен“ беше четири пати вклучувајќи го финалето.

Европското првенство во Полска и Украина го гледаа 1. 442, 336 гледачи или 45, 924 по натпревар што е за 300 000 повеќе од ЕП во Австрија и Швајцарија.

Мх.П.