Селекторот на Шпанија, Винсент дел Боске и напаѓачот на “црвената фурија“ Фернандо Торес испишија ново поглавје во историјата на фудбалот.

Поранешниот стратег на Реал Мадрид, Дел Боске стана вториот тренер по германецот Хелмут Шол кој ги обединил тутилите Светски и Европски првак.

Членот на Челси, Фернандо Торес стана првиот фудбалер кој постигнал погодок во две финилиња. Неговиот погодок во финалето 2008 година им пресуди на германцијте додека четири години подоцна ја запечати третата титулата за Шпанија на европските првенства.

Со три погодоци и две асистенции Фернандо Торес ја освои “златната топка“ на Европското првенство во Полска и Украина.

Мх.П.