Два четвртфинални натпревари се денес на програмата на Еуробаскетот во Литванија.  Во првото четвртфинале бранителот на трофејот Шпанија ќе игра против Словенија.


Нема што да загубиме, играме против најдобриот тим на првенството, и мечот со Шпанија е голем предизвик за нашата екипа. – истакна Лоразек Лорбек.

“Фуријата“ доминатно стигна до четвртфиналето, а во одлучувачкиот меч за првакот во групата ја демолираше Франција со 96-69. Победата е голема иако на паркетот ги немаше Тони Паркер и Јоаким Ноа.

 – Не ги потценуваме Словенците и ќе се обидеме да ја наметнеме нашата игра кој досега даваше резултати – рече селекторот Серџо Скариоло.

Натпреварот се игра во 17 часот.